Кренар Лога натаму на општествената мрежа изнесува: „Можноста испитот да се полага и на албански јазик е предвидена со Предлог-законот за изменување на Законот за правосуден испит (со согласност од Секретаријатот за законодавство), подготвен од Министерството за правда и доставен од Владата до Собранието на РСМ, исто така во јануари 2024 година. Ваквиот предлог подоцна беше повлечен од новото парламентарно мнозинство, односно од ВМРО-Вреди.“
„Но, оваа постапка не е ниту новина ниту исклучок: вакви практики постојат во земји како Финска, Белгија, Швајцарија, Канада и низа напредни западни демократии.“ – тврди Лога, игнорирајќи и втор факт, дека Македонија е унитарна држава, а тој ја споредува со овие федерални држави, можеби со прикриена надеж дека и Република Македонија би можела да се претвори во некаква јазично-политичка федерација!