Македонија

Македонија 14. во светот според падот на населението за четврт век

Со 10 отсто помалку жители, Македонија е меѓу 24 земји со намалена популација меѓу 2000 и 2025 година

Вкупно 24 земји во светот забележале пад на населението меѓу 2000 и 2025 година, меѓу нив и Македонија на 14. место со намалување на популацијата за 10 проценти, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд.

Со една третина помалку жители неславен лидер е Украина, пред Маршалските Острови со 29 отсто помалку луѓе за четврт век, а Бугарија е трета со 29 отсто помало население.

Од земјите во опкружувањето Романија е осма со пад на населението од 16 отсто, а веднаш зад неа се Србија и Албанија со 13 отсто, Хрватска со 12 отсто, Босна и Херцеговина е на 16. место со 8 отсто помалку жители, а Грција 20. со -4 отсто.

На спротивната страна води Катар со зголемување на населението за 423 проценти меѓу 2000 и 2025 година, пред Обединети Арапски Емирати со 250 отсто, Екваторијална Гвинеја со 167 отсто итн.

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top