Овој ден е исполнет со длабока тишина, духовност и надеж, бидејќи верниците го очекуваат Христовото воскреснување.
Според христијанското верување, на Велика Сабота, телото на Исус Христос било положено во гробот, додека неговата душа слегла во адот за да ги ослободи праведниците.
Велика сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика сабота е определена како Ден за чување на гробот.
Затоа овој ден има особено значење – симболизира победа над смртта и подготовка за нов живот.
Во храмовите се одржуваат богослужби со посебен карактер, а вечерта верниците се собираат на полноќна литургија кога се објавува најрадосната вест: Христос Воскресе.