Македонија

Фантастична понуда од СДСМ: Бихаќка нуди меѓу 500 милиони и 10 милијарди евра за бизниси за млади

Бихаќка нуди неверојатна сума пари за проекти за млади но не кажува од каде ќе ги најдат парите

Денеска на социјалните мрежи СДСМ даде фантасична понуда според која Бихаќка нуди 30 илјади евра за бизниси на млади.

Според последниот официјален попис од 2021 година, во Македонија има 326.733 млади луѓе на возраст од 15 до 29 години.

Реално сите млади нема да се занимаваат со бизнис но доколку сите тие решат да почнат бизнис и побараат помош за да почнат со некој економски проект тоа значи дека СДСМ ќе треба да обезбеди фантастични 9,6 милијарди евра само за оваа ставка.

„Твоја држава, твоја шанса“ – за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан”, објави СДСМ денеска во понудата која треба да ги убеди младите дека СДСМ има добри проекти.

Доколку СДСМ само на една десетина од младите во Македонија им ја даде оваа помош тогаш ќе бидат потребни речиси 1 милијарда евра или еден и пол годишен буџет на државата.

Ако бројот на млади кои сакаат помош за бизнис е само 5 проценти колку што реално младите се занимаваат со претприемаштво тоа значи дека СДСМ ќе треба да обезбеди 500 милиони евра само за оваа ставка.

Во соопштението на СДСМ не кажуваат од каде ќе ги најдат овие огромни пари:

„Твоја држава, твоја шанса“ – за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан”, објави СДСМ денеска во понудата која треба да ги убеди младите дека СДСМ има добри проекти.

Вистина е дека младите сакаат да ја напуштат Македонија.

Правично е да добијат шанса во својата земја, да останат, да работат, со добро платена работа, сопствен дом и систем.

СДСМ во својата Платформа “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина:

-2.000 евра ваучер за секој матурант за обуки во програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии – за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места.

-Целосно бесплатни студии на државните универзитети – знаењето не е привилегија, туку право.

– Затоа гарантираме работа, пракса или обука во рок од четири месеци за секој млад човек од 18 до 25 години. Праведно е младите да бидат поддржани веднаш по завршување на образованието.

-30.000 евра грант за отворање сопствен бизнис за младите кои ќе се вратат дома – за да градат кариера тука и да придонесуваат во домашната економија.

Целосно ќе го укинеме данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. Првиот дом не смее да биде луксуз.

Евтини станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години и 5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот.

Така се гради иднина за младите.

Праведно е Македонија да стане држава во која младите остануваат, напредуваат и веруваат.

Твоја држава, Твоја шанса”, се вели во соопштението на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Концертот на Дејвид Гета ги чини граѓаните и буџетот нула денари, вели премиерот

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше одбележана 35-годишнината од независноста на Македонија. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Штип, рече дека сите активности биле реализирани со поддршка од општествено одговорни компании, а трошоците за нив не биле на товар […]

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката […]

„Корча плус“:Општина Пустец заборавена, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Најнови вести

To top