Вчера бугарската пропаганда поточно агенцијата БГНЕС на Љупчо Нешков беа фатени во лаги во обид да ги оцрнат актуелните македонски власти.
Истражувањето на expres.mk покажува дека цитирајќи извештај стар 7 години бугарската агенција на Љупчо Нешков се обиде да ја прикаже Македонија како активен центар за дезинформации.
Најверојатно во обид да ја поддржи пропагандата на официјална Софија, Нешков кој беше исклучително активен кога владата на Заев, Димитров и ДУИ прифаќаше лоши догогори за Македонија, објавува лажни вести.
Во текст објавен вчера на насловната страница на БГНЕС Нешков се обидува да ја прикаже Македонија како место каде не се прифаќа историјата и од каде се шират лажни вести.

Нешков го објавува изворот на информацијата но не објавува дека тој извештај е објавен во 2019 година кога на власт е неговиот пријател Зоран Заев а наводите на извештајот се однесуваат на период кога СДСМ веќе две години е на власт, покажа истражувањето на expres.mk.
Вчерашниот текст на БГНЕС кој гласи ,,Извештај: Србија ги величи воените злосторници, Северна Македонија станува центар за дезинформации и не успева да се соочи со своето минато”, е објавен вчера на 12.06.2026 во 13:12 како нова вест иако извештајот од каде се презема информацијата е објавен на 24 Декември 2019 година.

Ако неупатен читател или дипломат го прочита текстот и не знае за лагата на Нешков и БГНЕС, ќе разбере дека Македонија сега е центар на лажни вести а земјата не може да се справи со минатото што е главната пропагандна цел на Бугарија во обидот да ги прикаже Македонците како проблематични.
,,Во однос на С. Македонија, се забележува дека главниот проблем е институционалната и јавната рамнодушност кон процесот на справување со минатото. Медиумското известување за конфликтот од 2001 година е ограничено првенствено на годишнини и политички конфронтации, при што доминираат етнички поделени наративи и сензационализам. Авторите, исто така, предупредуваат на растечката опасност од манипулација со содржината преку вештачка интелигенција и технологии за создавање таканаречени „длабоки лажни“ материјали. Според анализата, С. Македонија постепено станува еден од центрите за производство на дезинформативна содржина”, пишува БГНЕС во лажната вест во која по 7 години наведува детали од анализата „Медиумско известување за справување со минатото“.
БГНЕС го крие датумот на објава на цитираната анализа од 2019 година која била поддржана од германската организација „Про Пис“ и била подготвена од регионални медиумски експерти врз основа на интервјуа со 25 новинари, уредници, истражувачи и претставници на граѓанското општество од регионот.
Според истражувањето на expres.mk единствениот документ на оваа тема од Про Пис е објавен пред 7 години но овој факт е скриен од БГНЕС И Љупчо Нешков кој шири лажни вести и со тоа го урниса имиџот на сопствената агенција за која Заев даваше контроверзни изјави.
Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев