Македонија

Зошто ОБСЕ со задоцнување го честиташе православниот Велигден

За разлика од честитката за Рамазан Бајрам во која ОБСЕ вели дека самата организација слави, во честитката за Велигден само се честита на сите што го слават празникот

Мисијата на ОБСЕ во Македонија вчера направи гаф или смислена провокација кон православното население во Македонија откако пропушти на денот на прославата да го честита најголемиот православен верски празник Велигден.

Вчера на социјалните мрежи граѓани забележаа дека предходно ОБСЕ Скопје честиташе Бајрам и католички Велигден но на денот на празникот јавноста беше сведок на молк за православното ,,Христос воскресе”.

Интересно е што за Рамазан Бајрам на 20 Март ОБСЕ Скопје честитало на истиот ден.

Сега дури откако јавноста реагираше на вториот ден од Велигден ОБСЕ објавува честитка за најголемиот православен празник.

,,Мисијата на ОБСЕ во Македонија им посакува на сите што го слават православниот Велигден мир, здравје и радост. 🐣
Нека овој празник ги зближи луѓето во духот на разбирањето, почитта и љубезноста.
Среќен православен Велигден на сите што слават”, објави ОБСЕ денеска дури на пладне.

За разлика од честитката за Рамазан Бајрам во која ОБСЕ вели дека самата организација слави, во честитките за католичкиот и православниот Велигден само се честита на сите што го слават празникот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

(Фото+Видео): Ужасот над Зелениково, ноќеска од пожар спасени куќи, рече Ангелов

Околу 2 часот по полноќ пожарот над Зелениково веќе не бил далечна црвена линија на ридот. Огнот се приближувал кон последниот ред куќи, а една вознемирена жителка побарала помош од директорот на ДЗС. Во такви минути нема простор за административно префрлање од телефон на телефон – или некој реагира веднаш или растојанието меѓу пламенот и домот станува опасно кратко.

To top