Македонија

Во Ѓорче Петров ќе се отвори американско катче за едукација и развој

Станува збор за едукативен и информативен центар, дел од глобалната мрежа на „American Spaces“, каде граѓаните, особено младите, имаат пристап до книги, дигитални ресурси, курсеви, обуки и настани поврзани со образование, технологии и личен развој.

Американско катче ќе се отвори во Домот на културата во Ѓорче Петров, во соработка со Амбасада на САД во Скопје, информира Општина Ѓорче Петров. Станува збор за едукативен и информативен центар, дел од глобалната мрежа на „American Spaces“, каде граѓаните, особено младите, имаат пристап до книги, дигитални ресурси, курсеви, обуки и настани поврзани со образование, технологии и личен развој.

Просторот ќе овозможи организирање работилници, предавања и интерактивни активности, со цел поттикнување на критичко размислување, учење и развој на нови вештини.

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

To top