Македонија

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Анастас Коцарев постхумно со Орден „Илинден – 1903 година“

Еден од ретките Македонци кој бил блиску до Нобелова награда

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 15 април 2026 година, среда, ќе го одликува Анастас Коцарев постхумно со Орден „Илинден – 1903 година“.

Коцарев се одликува за неговиот особен придонес во афирмирањето на самобитноста на македонскиот народ и за залагањето и активизмот за национално и социјално ослободување и создавање независна македонска држава.

Покануваме медиумски екипи во Вила Водно, Кабинет на Претседател во 11:40 часот, се вели во најавата од кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Д-р Анастас Коцарев е роден во Охрид, 26 март 1890 а починал во Париз, Франција, 28 март 1931.

Тој е македонски деец и лекар онколог, еден од пионерите кој работел на истражување и лекување на ракот.

Соработувал со нобеловката Мари Склодовска-Кири и на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата.

Д-р Коцарев е првиот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Тој е редок Македонец којшто со своето дело бил многу блиску до добивање на Нобеловата награда.

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top