Македонија

Без Албанците, Македонија не може да преживее, предупредува Ахмети

Лидерот на ДУИ од Самитот на дијаспората во Тирана порача дека Македонија има иднина само со совладеење со Албанците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од панел-дискусијата на Самитот на албанската дијаспора во Тирана, на која присуствуваа и главните дипломати на Косово и на Албанија, упати пораки и кон Македонија во врска со статусот на Албанците и на албанскиот јазик.

„Што се однесува до албанскиот јазик во Македонија, реална е опасност и мислам дека треба да ја унапредиме состојбата со целиот јазик што сите го зборуваме“, рече тој, додавајќи дека албанскиот јазик е загарантиран со Охридскиот договор, потпишан и „гарантиран“ и од Соединетите Американски Држави и од НАТО и оти е заедничка одговорноста да се заштити.

„Ја делиме одговорноста: Вашингтон, Брисел, НАТО, албанските политички сили, македонските политички сили. Македонија има иднина само во коегзистенција, во совладеење со Албанците. Без Албанците, Македонија не може да преживее и нејзините денови се одбројани“, рече Ахмети.

Најнови вести од: Македонија

Агенцијата за вработување објави оглас за самовработување, до 10.000 евра за млади претприемачи

Денес e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и ќе трае од денес до 03.07.2026 година. Од Агенцијата за вработување на Република Македонија информираат дека селекцијата ќе се реализира во неколку фази, а целта е да бидат поддржани најдобрите бизнис-идеи и бизнис-планови.

Наместо нова идентитетско-историска капитулација со „Бугари во устав“ – поврзување со суверенистичка Европа за лобирања и борба за македонската кауза и ЕУ-патот (1)

Во јуни 2026 година ширум Европа, а особено во државите на ЕУ, се засилува трендот на политички иницијативи, програми и јавни барања за заштита на националниот идентитет, суверенитетот и политичката самостојност на државите од најразличните видови на закани кон овие клучни концепти во постоењето и дејствувањето на кој било народ и држава во Европа и светот. Таквите иницијативи, програми и барања доаѓаат не само од десничарски националистички партии, туку и од влади и државници на водечки европски држави и политички лидери од други земји од „евроклубот“, како од Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Полска, Словачка, потоа од влијателни државно-политички групации на европскиот континент, како што е „Вишеградската група“ на земји. Ја посочуваме и Швајцарија со пораките, кои извираат и од нивниот најнов референдум со демографско-идентитетски белези. Политичка Европа допрва ќе влегува во период кога државите и нивните институции, нивните водечки партии и политички елити ќе бараат сѐ повеќе нови механизми за заштита на националниот и државниот идентитет и суверенитет, културата, економијата и политичката самостојност. Лобирањата и борбата за македонската кауза и националната и јазична самобитност, како и за чекорењето по патот кон ЕУ само како Македонија и македонски народ, мора и може да се остварува сѐ повеќе во рамки на суверенистичка Европа.

Мицкоски: Редно е трговците да ги намалат цените инаку….

Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е време тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи, рече премиерот

To top