Македонија

Мицкоски: Нема криза со горивата во Македонија

Состојбата со нафтата и нафтените деривати, дизел горивата, безоловните бензини, керозинот и т.н, е исклучително добра

Како држава во овој момент не гледаме во синџирот на снабдување било какви предизвици, но доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе подготвивме нова стратегија, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

„ Во постојана комуникација сме со снабдувачите и од тој аспект не гледаме опасност за нашите граѓани и за нашите бизниси. Има доволно количини и во државните резерви, но и во цевководот кој што го поврзува солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, кој што ќе е функционален и оперативен.

Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси. Зголемена е потрошувачката во одредени пикови на денови и до 30%, поради тоа што голем број на граѓаните од соседните земји доаѓаат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и западната граница, затоа што кај нас се убедливо најевтини и дизелот и безоловните горива – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека доколку се случат некакви предизвици навремено ќе се донесат мерки.

„Во овој моментот не гледаме опасност. Од керозинот кој што го извезуваме, неколку аеродроми во регионот добиваат керозин, таков е приштинскиот и неколку други. Во овој момент, факт број еден е, граѓаните користат најевтини горива во регионот и факт број два имаме доволно количини и сега за сега не гледаме не гледаме никаков предизвик кој што е поврзан со недостиг. Доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе спремаме нова стратегија“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top