Свет

Томас Вајц добивал смртни закани за Извештајот за Македонија

Ме нарекуваа пристрасен, ме обвинуваа дека сум имал повеќе контакти со Македонија отколку со Бугарија, па дури и дека сум корумпиран, вели Вајц

EP Plenary session - European Climate Law

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, вели дека е задоволен од содржината и пораките во Извештајот за напрадокот на Македонија кој беше изгласан минатата недела во Европскиот парламент, но изрази загриженост од нападите и реакциите што ги добил, особено од бугарски националистички кругови.

Во интервју за Канал 5, Томас Вајц, изјави дека бил изложен на координирана кампања на оцрнување и добива сериозни закани, вклучително и смртни, поради неговата улога во подготовката на извештајот.

„Да, бев под силен напад, тоа беше цела кампања на оцрнување против мене. Ме нарекуваа пристрасен, ме обвинуваа дека сум имал повеќе контакти со Македонија отколку со Бугарија, па дури и дека сум корумпиран“, вели Вајц.

Најзагрижувачки, според него, е тоа што неговиот приватен телефонски број бил споделуван во екстремно десничарски групи на Телеграм, што довело до директни закани по неговиот живот.

„Добив смртни закани и други закани. Ова продолжува и по гласањето. За жал, ситуацијата ескалираше во Бугарија“, нагласува Вајц.

 

Најнови вести од: Свет

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

Сенатот не му дава на Трамп да војува со Иран

Во објава доцна синоќа, Трамп го критикуваше гласањето, нарекувајќи го „лошо темпирано“ и бесмислено, и ги обвини оние кои гласаа за резолуцијата дека му даваат поддршка на Иран и уште повеќе му го отежнуваат извршувањето на неговите должности

Најнови вести

To top