Македонија

Денеска сончево, со мала до умерена облачност

Викенд со претежно сончево и топло време, од понеделник од вечерните часови до среда нестабилно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови од државата ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.

За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во понеделник од вечерните часови до среда времето повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во вторник ќе биде на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува ветер од северен правец, кој утре и во среда ќе биде засилен, повремено силен.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top