Македонија

Трипуновски до Николовски: Интерпелацијата ти е безначајна како запленетите 30 кг путер

Политички не постоиш, а партијата во која си само обичен инвентар, полека ја снемува, му порача министерот за земјоделство на својот претходник

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски реагира за интерпелацијата од СДСМ со обраќање до својот претходник Љупчо Николовски.

„Љупчо Николовски се јави,навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!
Нејсе, да му одговорам. Политички не постоиш, а партијата во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно!
Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС.
Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер!
Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер 😉“, порача Трипуновски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top