Македонија

На денешен ден фашистичка Бугарија ја окупира Македонија, а денес и лидерот на Костадинов од „Преродба“ ја повторува истата теза од 1941 за „Македонија – втора бугарска држава на Балканот“!

На денешен ден, на 18 април 1941 година Бугарија со „благослов“ од фашистичкиот водач на Германија Адолф Хитлер Хитлер ја започна окупацијата на Македонија! На овој датум со одборение на Хитлеровата врховна команда единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија. Бугарија настојува овој настан од нејзината историја наместо фашистичка окупација да го прикаже како „администрирање со Македонија“. Дали е случајно, или не, тоа што Костадин Костадинов, лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“ (Възраждане) вчера, на 17 април 2026 година, на еден ден пред 85-тата годишнина од почетокот на бугарската фашистичка окупација на Македонија, ја означи Македонија како „втора бугарска држава“ на Балканот, изнесувајќи ја заложбата на неговата партија за „интеграција на двете бугарски државни формации во една“?! Костадинов во предизборната програма негова и на неговата партија активно ја промовира скандалозната идеја за „обединување на Бугарија и Македонија“ – истата цел, поради која и Бугарија во Вората светска војна како фашистичка држава – членка на Хитлеровата нацистичка коалиција влегува на територијата на Македонија и ја окупира, под изговор дека „доаѓа да ја ослободи и да ја обедини кон мајка Бугарија“!

.

На 6 април 1941 г. Германија и Италија ја нападнале кралска Југославија, која била поразена за десет дена. Бугарија не учествува во воените дејствиjа. Германците на 18 април ја поканиле Бугарија да ја преземе контролата врз дел од територијата на Вардарската Бановина. Уште пред нивното влегување во Вардарска Македонија, власта во поголемите градови е преземена од Бугарските акциони комитети.

Комитетите организираат свечени дочеци на бугарската војска, којa навлегува во Кралството Југославија на 19 април 1941 година. Но, колку „оддушевено“ македонскиот народ ги пречекал бугарските фашистички окупатори, преправени како „ослободители-администратори“?! Ова многу јасно се согледува од автентичното сведоштво од очевидец за бугарската окупација на Македонија од страна на Оската во 1941 година, од британско-бугарскиот новинар Мајкл Падев, поранешен дописник на британскиот весник „Тајмс“ во Софија, кој илегално ја посетил Македонија во јуни 1941 година. Падев забележал: „Откако стигнавме во Македонија, она што најмногу нè импресионираше беше леснотијата и жарот со кој македонското подземје се бореше против бугарските окупаторски власти. Во Скопско имаше полициски час од седум часот навечер. Останавме таму една недела и не помина ниту една ноќ без борба на улиците. Истото беше и во Битољ, кој бугарските националисти го нарекуваат „најбугарски од сите македонски градови“. Ги најдовме луѓето таму антибугарски настроени како што се насекаде во Македонија. Тие организираа неколку групи кои на интервали се повлекуваа во планините на обука.“ (цитат од:  Sheperd, David (1968) Relations between Yugoslavia and Bulgaria, 1918-1941, Durham theses, Durham University.)

Исто така, на 19 април 1941 година, при навлегувањето на бугарските единици во Струмица, Месниот комитет на КПЈ и Клубот на есперантистите организирале масовни демонстрации со учество на неколку илјади граѓани. Пред седиштето на есперантистите се собрало маса граѓани и во поворка тргнале по улиците на Струмица. Носејќи ја картата на Македонија ги извикувале паролите Македонија на Македонците, Да живее слободна Македонија, Долу шпиони. На 1 мај 1941 г. во центарот на Скопје, на таканаречената дивизиска зграда, било истакнато македонско црвено знаме.

На 20 април 1941 година Втора бугарска армија влегла во Беломорска Тракија и во источниот дел од Егејска Македонија, односно на територијата меѓу реките Струма и Марица. На исток од Струма, вклучувајќи го стратешкиот важен град Солун се утврдиле германски окупаторски сили, како и на запад од реката Марица, каде што се утврдува демилитаризирана зона на границата со Турција. Германски војници влегле и во градот Лерин, иако фашистичка Италија и Бугарија го оспориле таквиот чин. По излегувањето на Италија од војната во летото 1943 година, бугарски сили ги зазеле и централните делови на Егејска Македонија со Солунско (без самиот град) и полуостровот Халкидики.

Администрација

Бугарија го воведува бугарско законодавство и утврдува три административни зони. Се обновуваат некогашните епархии на Бугарската егзархија и бугарските училишта. Започнал да се организира административно-политички систем, заради спроведување на новата бугарска власт. Раководниот кадар и најголемиот дел од службениците биле регрутирани од Бугарија. Заедно со воено-полициската администрација од Бугарија пристигнале и голем број на службеници, сите тие заедни ја претставувале главната потпора на бугарската власт во Македонија. Со оваа политика на Царството Бугарија покажало дека немаа доверба во македонското население. Оделни пратеници во бугарското Народно собрание побарале бугарската влада да преземе мерки против манифестирањето на македонската национална самобитност. Бугарското собрание побарало за Македонците да се употребува терминот Бугари од Македонија, а не Македонци. Иако Македонија била анектирана од страна на Бугарија, бугарските власти се стремеле да остават впечаток дека не се создава посебна окупаторска власт во Македонија.

Денационализаторска политика

Бугарската влада настојувала окупацијата на Македонија да ја претстави како природно проширување на бугарската територија, како преземање на свои национални територии. Отука бугарските власти презеле повеќе дејности во разни правци. Покрај административниот апарат бил создаден и голем пропаганден систем во Македонија. Бугарската влада донела акт за промена на националноста на македонскиот народ во бугарска. Овој едностран акт имал за цел пред јавноста на Бугарија и нејзините сојузници да се оправда окупацијата. Негирањето на македонската националност се спроведувала и од разни културни институции, кои сакале македонскиот народ да го прикажат како бугарски. Под особен силен притисок била изложена македонската младина. Училишниот систем во Македонија бил најорганизираниот дел од бугарската денационализаторска политика. Во Македонија бил создаден широк систем на училишни институции.

Во училишната мрежа биле опфатени речиси сите поголеми населени места во Македонија. Во учебната 1941/1942 година биле отворени 800 основни училишта, 180 осмолетки, 10 полни и 7 неполни гимназии. Во учебната 1941/1942 година бугарските власти се обиделе да отворат универзитет во Скопје, а преку него требало да се создаде кадар кои подоцна би ја ширел бугарската национална свет меѓу македонскиот народ, меѓутоа универзитетот бил отворен во учебната 1943/1944 година. Поголемиот дел од просветниот кадар бил донесен од Бугарија, а за назначување на учители – Македонци требало гаранција од полициските власти за благонадежност. Во училиштата биле создадени специјални наствани програми.

Речиси целата настав била сведена на изучување на таканаречените групни предмети по б’лгарознание, во која спаѓале: бугарски јазик и бугарска национална историја. Голем број на научни институции, кои биле под контрола на Дирекцијата за национална пропаганда на чело со Никола Коларов, се обиделе на разни начини среде македонските средини да докажат дека Македонија е бугарска земја, а Македонците се Бугари. Бугарската влада сакала да ги искористи и учесниците во Илинденското востание, но во голема мера во тоа не успеала.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Владата очекува горивата да поевтинат за 1,5 денар за литар

Согласно пресметките, се очекува дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар, соопшти Владата.

„Н.М“: Секоја грчка влада го попречуваше македонскиот пат кон ЕУ, давајќи пример како се тргува со европските вредности! – Сега тоа го прави Бугарија!

„Кога во јуни 2003 година на самитот на ЕУ и Западниот Балкан беше усвоена ‘Солунската агенда’, никој не претпоставуваше дека токму на тој собир, наместо отворање на вратите, ќе биде запечатена европската судбина на земјите од регионот. Освен Бугарија и Романија, кои влегоа со политичка одлука во 2007 година, како и Хрватска, која послужи како доказ дека процесот е наводно жив, ниедна друга земја не стана дел од ЕУ безмалку 20 години. Значителен дел од вината за оваа непроменета ситуација ја сносат токму создавачите на ‘Солунската агенда’. Грција со години ја блокираше Македонија, користејќи го спорот за името како инструмент за кочење, со што на другите членки на ЕУ им го ‘сервираше’ најопасното оружје: ветото како алатка за билатерални уцени. Сега, повторно официјална Атина се повикува на ‘Солунската агенда’“, обидувајќи се да се наметне како лидер на процесот што самата го минираше.“ – ова се нагласува во анализата со наслов „Оригиналниот ‘тројански коњ’ во евроинтеграциите е всушност – грчкиот“.

Скопскиот аеродром лидер во регионот со раст од 32%, од Владата очекуваат над 3,5 милиони патници годинава

Вицепремиерот вели дека оваа година се очекува да се надмине бројот од 3,5 милиони патници, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

„Вреди“: Џабе се „крокодилските солзи“, Џафери го запечати исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит! – Ќе го решиме проблемот

„ДУИ, која повеќе од 20 години имаше 5 министри за правда од своите редови, никогаш не го реши овој проблем: го изгласаа Законот за правосудниот испит, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда. Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен доказ дека проблемот околу полагањето на правосудниот испит не е случајност, туку последица на негрижа и политичко предавство.“ – соопшти коалицијата Вреди.

„Плус инфо“: Филипче е пак „уфилман“, го следел „приватен Мосад“! СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ „ангажирала разузнавачка компанија за следење на опозицијата“!

„Станува збор за Black Cube, израелска приватна разузнавачка компанија, позната по следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели.“ – тврди СДСМ.

Приведени шестмина, меѓу нив и два малолетника од 16 години, сите од Скопје, зашто им биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож!

На 17/18.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.К.(40), Б.Н.(43), М.Џ.(21), Н.Б.(36) и двајца 16-годишници, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож.

To top