Македонија

Едногласно усвоена Резолуцијата за заштита на македонското малцинство во Албанија од ЕФА

И на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ

Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ.

Со Резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да се осигура дека малцинските права не само што ќе бидат признаени, туку и ефективно спроведени. Почитувањето на самоидентификацијата, културната разновидност и еднаквите можности мора да останат во јадрото на европскиот проект, особено во контекст на проширувањето.

-Од албанската Влада се бара да обезбеди целосно спроведување на малцинските права на целата територија каде што живеат Македонци, вклучувајќи го и пристапот до образование на македонски јазик секаде каде што има соодветна побарувачка.  Да воведе механизми за праведно политичко претставување на малцинствата, вклучувајќи го и разгледувањето на загарантирано парламентарно претставување, како и да обезбеди одржливи економски и инфраструктурни инвестиции во регионите населени со малцинства, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ и делегат на ГС на ЕФА.

Според него од Владата се бара да ја зајакне независноста и ефикасноста на Комитетот за национални малцинства, што е владин орган, обезбедувајќи ротационен систем за претседател и заменик-претседател меѓу малцинските групи, да обезбеди слободни, фер и меѓународно набљудувани процеси на самоидентификација, вклучувајќи ги и пописите и  да ја ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

-Од институциите на Европската Унија се бара будно да ја следат заштитата на малцинските права во Албанија во рамките на процесот за зачленување во ЕУ, Европската комисија да покрене истрага за ситуацијата со македонското малцинство во Албанија, да обезбедат праведни, еднакви и принципиелни критериуми во процесот на пристапување во ЕУ, и да ги спречат земјите-членки да ја злоупотребуваат својата позиција за наметнување услови кои ги кршат човековите права, нагласува Стерјовски.

Во документот покрај другото се наведува дека македонското малцинство во Албанија продолжува да се соочува со системски предизвици во целосното остварување на своите фундаментални права. И покрај формалното признавање, остануваат значителни празнини во образованието, претставувањето и економскиот развој. Истовремено, надворешните политички притисоци ризикуваат да го поткопаат идентитетот и кохезијата на заедницата.

– ЕФА ги осудува недоволното спроведување на стандардите за малцинските права во Албанија, особено во однос на образованието и претставувањето на македонското малцинство, недостатокот на праведен социо-економски развој во регионите населени со Македонци што доведува до депопулација и миграција,  надворешното политичко мешање од Бугарија со цел асимилација или негирање на македонскиот идентитет во Албанија, злоупотребата на процесот на проширување на ЕУ за наметнување услови поврзани со идентитетот, што е спротивно на фундаменталните принципи за човекови права, стои во текстот на Резолуцијата.

Исто така ги осудува и неправилностите и надворешното влијание во процесите како што се пописите на населението, кои го загрозуваат правото на слободно самоидентификација како и издавањето лажни потврди за бугарско потекло од страна на одредени албански општини и покрај тоа што немаат правна надлежност за издавање такви документи, кои албанските граѓани ги добиваат преку коруптивни средства со цел стекнување бугарски пасоши.

Од партијата оценуваат дека учеството на Генералното собрание на ЕФА било значајна можност за афирмација на прашањата и предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија пред европската јавност и институции.

Македонска алијанса за европска интеграција во 2024 година стана полноправна членка на Европската слободна алијанса. ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top