Хроника

Чудесно преживување во Скопје, му пукал в глава, го погодил во увото

Чудо во скопско, останал без уво но ја зачувал главата

Лишен од слобода маж од скопско, кој денеска пукал кон соселанец и му нанел повреда во пределот на увото.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с.Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с.Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото.

Според пријавеното, Г.А. и С.А., двајцата од с.Шишево, го пресретнале пријавителот, по што Г.А. извадил пиштол и пукал кон него.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Одземен пасошот и забрана за работа за Вишиот јавен обвинител од Битола, се сомничи за криминал и мито

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против П.В. – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК.

To top