Регион

Екс Југото што го урна митот за рајот на балканските гастербајтери во Германија

Во татковината ги доживуваат како да се на рајски остров а дел од нив на печалба живеат во пекол

Лична емотивна исповед на едно лице од екс Југославија потпишано како М. кое живее и работи во Германија го урна митот за раскошот на балканските печалбари.

Текстот кој е напишан на босански/хрватски јазик го објавуваме во продолжение е преведен на македонски:

„Се викам М. Имам 34 години. Во Германија сум веќе четири години.
Сите мислат дека живеам добро. На сликите изгледам добро. Им пишувам дома дека сè е во ред.
Но, вистината е поинаква.
Платата ми е 2.100 нето. Звучи убаво, знам. Во Босна би било убаво. Но, киријата е 950. Струја, греење, интернет – уште 180. Здравствено осигурување (Krankenversicherung), автомобил, гориво – отидоа уште 300. И одеднаш ми остануваат некои 600 евра за целиот месец. За храна, облека, неочекувани трошоци.
Минатиот месец ми се расипа машината за перење алишта. 400 евра. Немав. Позајмив од колега од работа. Се срамев цела недела.
Дома праќам по 200 евра секој месец бидејќи мама не работи, тато е болен. Не можам да престанам да праќам. Не можат да им кажам дека и мене не ми е лесно.
Еднаш седнав и плачев во автомобилот пред Лидл. Не можев да влезам внатре бидејќи не знаев дали можам да си го дозволам она што ми треба.
Не сум гладен. Не сум бездомник. Знам дека има и полоши ситуации. Но, ниту мене не ми е добро. И некако – тоа не е доволно видливо. Бидејќи изгледа дека работам, дека функционирам, дека сум ‘таму во Германија’.
Само сакав некому да му кажам.“

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top