Проектот се спроведува со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија. Во рамките на проектот се опфатени четириесетина ученици што учат македонски јазик во двете основни училишта во Загреб, „Август Харамбашиќ“ и „Никола Тесла“, под водство на наставничката Деспина Белчовска Велинска.

Реализирани се три креативни работилници: драмска под водство на актерката и режисерка Снежана Конеска Руси, работилница за илустрација на книги за деца под водство на дизајнерката и едукаторка Елена Максимовска и работилница за креативно пишување под водство на Татјана Гогоска, авторка на проектот и авторка на книгата „Магичниот круг на детството“.
На вечерашното претставување на книгата на Гогоска, покрај другите, ќе зборуваат директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска-Илиевска, која со својата поддршка го овозможи реализирањето на овој проект и авторката Гогоска. Книгата ќе ја претстават децата- учесници во трите работилници со своја изведба. Целиот настан ќе го води актерката и режисерка Снежана Коневска Руси.