Македонија

Покренато обвинение против судијата Ристов: лично ги заѕидал 350-те илјади евра, пронајдени се биолошки траги од неговата ДНК!

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покрена обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако биолошките вештачења недвосмислено го поврзаа него со парите, пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Клучниот доказ што го потврдува сомнежот е пронајдената ДНК на судијата на материјалите, конкретно на алуминиумската фолија, со која биле обвиени пакетите со пари.

Обвинителката Хаџи Василева истакна дека истрагата собрала непобитни материјални докази дека Ристов лично ги манипулирал и ги сокрил вкупно 350.000 евра, кои претходно не биле пријавени во неговиот анкетен лист.

„Со вештачењето на биолошките траги утврдивме дека токму обвинетиот е лицето што ги крие овие пари“, изјави Хаџи Василева по денешниот брифинг.

Случајот против судијата Ристов е директна последица од истрагата против адвокатот Фехми Стафа, кој во декември 2025 година беше уапсен при примање мито од 20.000 евра, дел од поголем договор за влијание врз судија за укинување на мерка притвор. Иако во конкретниот момент парите не стигнале до судијата, последователните претреси открија огромна сума на пари, за кои судијата не можел да докаже законско потекло.

Најнови вести од: Македонија

Клетников: Филипче и неговите следбеници се луѓе без карактер, учествуваа во идентитетскиот геноцид над својот народ! – СДС е фашистичка партија со зомбирано членство!

„Австриецот Роберт Музил има роман „Луѓе без својства“, а луѓе без својства се токму Филипче и СДС, нивните следбеници, меѓу кои има и неколку универзитетски професори. Тие немаат ниту карактер, ниту битие. За нив не треба ниту да се зборува. Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче, за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија СДС е фашистичка.“ – нагласи поетот поетот Ефтим Клетников во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Мицкоски: Сигналите од Бугарија не ме прават оптимист! (ВИДЕО)

„Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква“, изјави македонскиот премиер

Најнови вести

To top