Македонија

Судијата Ристов лично заѕидал 350.000 евра: Траги од неговата ДНК во „мајсторијата“

И судија и ѕидар

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) покрена обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако биолошките вештачења недвосмислено го поврзаа него со парите пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Клучниот доказ што го потврдува сомнежот е пронајдената ДНК на судијата на материјалите, конкретно на алуминиумската фолија со која биле обвиени пакетите пари.

Покренато обвинение против судијата Ристов: лично ги заѕидал 350-те илјади евра, пронајдени се биолошки траги од неговата ДНК!

Обвинителката Хаџи Василева истакна дека истрагата собрала непобитни материјални докази дека Ристов лично ги манипулирал и ги сокрил вкупно 350.000 евра, кои претходно не биле пријавени во неговиот анкетен лист.

„Со вештачењето на биолошките траги утврдивме дека токму обвинетиот е лицето што ги крие овие пари“, изјави Хаџи Василева по денешниот брифинг.

Случајот против судијата Ристов е директна последица од истрагата против адвокатот Фехми Стафа, кој во декември 2025 година беше уапсен при примање мито од 20.000 евра, дел од поголем договор за влијание врз судија за укинување на мерка притвор. Иако во конкретниот момент парите не стигнале до судијата, последователните претреси открија огромна сума пари за кои судијата не можел да докаже законско потекло.

Најнови вести од: Македонија

Поранешниот врховен судија Наќе Георгиев излегува на слобода по одлука на Апелација

Екс врховниот судија Наќе Георгиев излегува на слобода. По спогодбата за три години затворска казна и поминати две години во ќелија, апелациските судии му ја уважиле жалбата тој од јули да биде пуштен на слобода. Георгиев бише фатен со 10.000 евра мито, пари кои ги земал за да врши противзаконито влијание во предмет во кој […]

To top