Македонија

На Димитров му текна: Европа не е праведна

Потписникот на Преспанскиот договор, кој кој ја промовираше кампањата за „за“ и беше дел од парадоксалното референдумско прашање „Дали сте за промена на уставното име за вчлез во ЕИ и НАТО“, сега се сети дека ЕУ не била праведна…

“Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога Европа ги напушта вредностите, тоа станува ништо. Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања.

Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме”, изјави екс-министерот за надворешни работи Никола Димитров на симпозиум под наслов “Парадоксот на Пандора”, што се одржа во Грција.

„ЕУ дозволи она што нам ни беше најважно и она што го обезбедивме со преспанскиот договор, она што Грција го прифати – дека ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, да биде сега нападнато од Бугарија. Бугарија гордо го грабна ветото откога тоа прво ни беше ставено од Франција, ужасна геостратешка грешка на Париз.

И сега, наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што, едноставно, е недозволив во 21 век во Европа – некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам“, порача Димитров.

На панел-дискусијата посветена на демократските предизвици во Медитеранот учествуваа и албанскиот државен министер за врски со парламентот, Тулант Бала, Мехди Јома, поранешен премиер на Тунис, Амр Муса, поранешен генерален секретар на Арапската лига, професорот по политички науки на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Харис Милонас, Сонер Чапгатај од Институтот „Вашингтон“ и Јахја Саид од Лондонската школа за економија.

„Сими симпозиумот“, каде што претседател е поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, е една од водечките светски конференции, која веќе 27 години се одржува во Грција, каде што се собираат речиси двесте водечки мислители, професори, актуелни и поранешни лидери и истакнати општествени дејци од целиот свет.

Најнови вести од: Македонија

Обвинение против газдата Трифун Костовски, син му и соработниците за стечајот на Еуростандард банка

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари, или околу 27 милиони евра.

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката.

To top