Македонија

Поранешниот врховен судија Наќе Георгиев излегува на слобода по одлука на Апелација

Екс врховниот судија Наќе Георгиев излегува на слобода. По спогодбата за три години затворска казна и поминати две години во ќелија, апелациските судии му ја уважиле жалбата тој од јули да биде пуштен на слобода. Георгиев бише фатен со 10.000 евра мито, пари кои ги земал за да врши противзаконито влијание во предмет во кој […]

Екс врховниот судија Наќе Георгиев излегува на слобода. По спогодбата за три години затворска казна и поминати две години во ќелија, апелациските судии му ја уважиле жалбата тој од јули да биде пуштен на слобода.

Георгиев бише фатен со 10.000 евра мито, пари кои ги земал за да врши противзаконито влијание во предмет во кој осуден беше екс-градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за шверц на марихуана. Беше уапсен на лице место во мај 2024 година, а по три месеци одлежани во Шутка се спогоди за затворска казна од 3 години.

Алфа пред два дена објави дека минатиот месец Георгиев доставил молба, првично до Кривичниот суд дека има одлежано повеќе од половина од затворската казна и бара да биде ослободен поради влошената здравствена состојба која не може соодветно да ја лекува во затворски услови.

Поранешниот судија, навел десетици нарушувања на здравјето откако е сместен во ќелија. Во прилог на молбата до првостепениот суд барал да се цени и доброто однесување во затворот во Шутка каде беше во притвор, а потоа во струмичкиот затвор.

Советот при Кривичен ги прифатил таквите докази и се согласил да го ослободи од понатамошно оддржување казна од септември годинава. Потврда за ова стигна денеска и од Кривичниот суд од каде соопштија:

По исполнување на законските услови, до овој суд, како надлежен, поднесено е барање за условен отпуст. Судот одлучувајќи по истото, го прифати и определи осудениот условно да се отпушти од издржување на казна затвор на 20.09.2026 година, односно 8 месеци пред истекот на казната –  соопшти скопскиот Кривичен суд.

Но, Георгиев сепак не бил задоволен да лежи уште шест месеци во затвор и повторно се жали пред Апелација. Во таа жалба пак наведува дека кривичните судии доволно не ги целене околностите дека тој има нарушена здравствена состојба, дека има 63 години и има примерно однесување во затворот. Таквата жалба му се прифаќа и се одлучува тој уште во јули да го добие отпустот кој ќе биде до крајот на изречената затворска казна односно 20 мај 2027 година. Скопска Апелација ја информираше јавноста за одлуката откако информацијата излезе во јавност:

„Решението на првостепениот суд е преиначено од страна на Апелациониот суд Скопје, како е погоре наведено, така што осудениот наместо на 20.09.2026 година се отпушта на 20.07.2026 година, а при одлучувањето судот ја имаше предвид здравствената состојба на осудениот, како и позитивните резултати од процесот на ресоцијализација  во текот на издржувањето на казната затвор. За осудениот остануваат обврските согласно Законот за пробација, во спротивно судот ќе го отповика условниот отпуст“ се вели во соопштението на Апелација.

Дополнително, екссудијата и досега делумно деновите ги минуваше на слобода. Тој од мај минатата година се вработи како магационер, излегуваше преку ден, а се враќаше во ќелија да преспие, објави Алфа.

Освен Георгиев, за влијание во предметот на Стојчев, беше инволвиран и тогашниот член на Советот на јавните обвинители Иџет Мемети кој пак се спогоди за условна казна од една година затвор.

Наќе Георгиев беше фатен на лице место со означени 10 илјади евра, во близина на „East Gate“. Парите му ги дал синот на Стојчев, алијас Боро Малборо, кој всушност и ги пријавил во истражните инститицуии. Во исто време, поранешниот градоначаник се спогоди за  5 години и три месеци затворска казна за пуштање во промет на наркотични дроги со мрежа на препродажба, дело извршено со уште деветмина други.

Во продолжение видеото објавено од Алфа тв на 18.04.2026 година:

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top