Македонија

Пренџов: Очекувам новиот државен обвинител да ги открие сите сомнежи за сторен криминал од Заев, Зечевиќ, Спасовски, Ахмети!

-Јас од новиот обвинител очекувам во најбрз можен рок во една соодветна обвинителска предистрага и истрага да ги открие сите сомнежи за сторен криминал, а се поврзани со Зоран Заев, со кланот Заеви, со Миле Зечевиќ, со Оливер Спасовски, со Љупчо Николовски, со Али Ахмети. Многу документи изнесовме пишани, многу докази изнесовме во јавноста никој никогаш не ги демантираше, но исто така не го видоа и светлото на денот односно затаија некаде во Јавното обвинителство, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо рече Пренџов во гостување во ТВ 24 во емисијата „Анализа“ .

Пренџов истакна дека Собранието се повеќе напредува и се демократизира за разлика од минатото и изрази очекување од новиот државен јавен обвинител за разоткривање на сите сторени криминали од опозицијата.

-Последниот Закон за јавно обвинителство во Собранието е донесен во 2020 година во рамки на техничка влада, стасан во Собрание во 12, ставен во 13 на пленарна седница, во 14:15 на Комисија и ноќта во 2 часот со уцени се носел Законот за обвинителство, денес ние имаме 100 чекори напред, затоа треба да бидеме горди дека Собранието напредува и се демократизира. Јас од новиот обвинител очекувам во најбрз можен рок во една соодветна обвинителска предистрага и истрага да ги открие сите сомнежи за сторен криминал, а се поврзани со Зоран Заев, со кланот Заеви, со Миле Зечевиќ, со Оливер Спасовски, со Љупчо Николовски, со Али Ахмети. Многу документи изнесовме пишани, многу докази изнесовме во јавноста никој никогаш не ги демантираше, но исто така не го видоа и светлото на денот односно затаија некаде во Јавното обвинителство, рече Пренџов.

Пренџов наведе случаи на висока корупција кои со години се чувале во фиока од страна на ЈО, без разрешница, а се поврзани со високи функционери од претходната власт.

-Ние имавме дете со 20 и нешто години којшто за без пари зема имот од 30 милиони евра, и до каде е таа постапка? Ние имаме отворен судски процес во рамки на Министерството за економија каде што за копање на минерални суровини некаде блиску до Кичево, пола сектор таму е обвинет бидејќи внуците на Али Ахмети копале а не плаќале ништо на државата. Имаме случај на несразмерно збогатување и имаме случај на многу сомнителни финансиски зделки поврзани со самиот поранешен премиер Зоран Заев, имаме случаи со пасоши на белосветски криминалци давани од Оливер Спасовски, ние од Јавното обвинителство ден денес немаме видено ништо, дециден е Пренџов.

Најнови вести од: Македонија

Видео: Пораки од телефон ја отвараат приказната против експретседателката на Антикорупциска Димитровска

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го […]

Авионските билети поскапуваат за околу 100 евра

Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денеска Европската федерација за транспорт. Зголемувањето на цените на горивото за авиони ја зголеми просечната цена на горивото за 88 евра по патник на летови на долги релации што ја напуштаат Европа и 29 евра на летови во Европа, соопшти T&E.

(Фото): Секој четврти осигуреник не остварува приходи, што тука прави државата?!

Лицата што минатата година имале под 293.000 денари приходи, кои во последните два месеци имале помалку од 48.000 денари, да добијат бесплатно здравствено осигурување, а лицата што имале повисоки приходи од овие да плаќаат придонес на основицата 50 отсто од просечната плата, а тоа е 2.593 денари месечно, да добијат здравствено осигурување.

Повторно активен порталот за електронски услуги за граѓаните

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk повторно е ставен во функција по завршување на техничките активности. По реализираната техничка интервенција и надградба на системската опрема, повторно е овозможено нормално функционирање на порталот и непречен пристап до електронските услуги за граѓаните.

Како Македонија да се промовира како лидер во рударството во регионот?!

Експертската јавност препорачува Македонија да ги користи природните минерални богатства на ефикасен начин и во хармонија со еколошките, културните и природните вредности со што ќе се овозможи и создавање работни места. Ваквата констатација е наведена и во новата Стратегија за минерални суровини 2026-2046, на која работеше Македонската академија за науки и уметности, а вклучени беа […]

Клековски: Тројца директори на ЈЗУ вратиле по 500.000 денари, кои ги земале со неправилна пресметка на плата!

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија по 500.000 денари или вкупно 1,5 милиони денари, што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола нивна континуирана активност е и финансиската контрола.

To top