Бизнис

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси

Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“

Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој.

Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, кои од фондацијата САСА ќе добијат грантови за кофинансирање во вкупен износ до 50.000 евра, се:

1. „Vila Kalimana Lake View“ – проект за развој на нов туристички комплекс во близина на езерото Калиманци;

2. „Физио актив“ – проект за развој и понуда на организирани тури и туристички услуги со електрични велосипеди;

3. „Micro Greens“ – проект за производство на органски земјоделски култури; и

4. „Осоговски Плод“ – проект за собирање и преработка на природни шумски плодови.

 

Избраните бизнис идеи припаѓаат во областите кои се идентификувани како приоритетни од страна на заедницата, по претходно организирани работилници, и имаат висок потенцијал за одржлив развој, како што се туризмот и земјоделството.

По потпишувањето на договорите за доделување на грантовите започнува фазата на имплементација, во која избраните корисници ќе продолжат да добиваат стручна поддршка во растот и развојот на нивните бизниси.

Инаку, на отворениот повик за пријавување на бизнис идеи се пријавија вкупно 18 апликанти, при што во финалниот процес на селекција беа подготвени и разгледани 16 бизнис планови, што ја потврдува високата мотивација и потенцијалот за развој на локалната бизнис заедница.

Покрај доделувањето на финансиски грантови за најдобрите бизнис идеи, Акцелераторската програма им овозможи на сите пријавени учесници, преку соодветни обуки и менторство во времетраење од пет недели, да стекнат практични знаења во изработка на бизнис планови и нивна реализација.

„Со оваа програма не инвестираме само во бизнис идеи, туку и во луѓето и во иднината на Македонска Каменица. Нашата цел е да го поддржиме создавањето нови одржливи бизниси кои ќе генерираат нови работни места и долгорочна вредност за заедницата. Ова е само почеток на еден поширок процес на градење претприемачка култура и креирање нови перспективи за младите и за целокупната локална заедница“, изјавија од Управниот oдбор на Фондација САСА.

Акцелераторската програма е дел од иницијативите на Рудник САСА, кои се реализираат преку фондацијата САСА, насочени кон долгорочен и одржлив развој на локалната економија и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top