Македонија

Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булеварот „Борис Трајковски“

Скопскиот градоначалник го означи почетокот на градбата на сообраќајницата од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево

„Скопје се сака со дела, а не со празни зборови. Нека е аирлија булевар ‘Борис Трајковски’!“.

Со овие зборови во својата објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го означи почетокот на изградбата на долго очекуваната сообраќајница во главниот град.

Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти, како и со пешачка и велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево.

Со булеварот „Борис Трајковски“ трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 скопјани од овој дел од градот.

Рокот за изградба е до крајот на календарската година.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top