Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И по Заев – Филипче, одбраа во СДСМ

Филипче и истите стари структури лојалисти на Заев продолжуваат по старата шема на заштита на криминалот на поединци наместо промени, катарза и заштита на интересите на членството и државата

Пораката од роденденот на СДС е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од пристигнувањето на нивниот врховен лидер и ментор на Филипче, Зоран Заев јасно покажа кој ги држи конците во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пречекот и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и истите лојалисти на Заев продолжуваат по старата матрица, на заштита на поединци, затворени кругови и игнорирање на гласот на сопственото членство.

Во СДС владеат кланот Заеви и нивниот чирак Филипче, а оние кои не бараат функции туку вредности и принципи остануваат на маргините.

Зоран Заев е синоним на криминалот, корупцијата и предавството на националните интереси на државата. Венко Филипче како негов следбеник и лојалист јасно покажа дека ништо не научиле и дека немаат намера да се променат“, се вели во соопштемнието од владејачката партија и се додава:

„Филипче и истите стари структури лојалисти на Заев продолжуваат по старата шема на заштита на криминалот на поединци наместо промени, катарза и заштита на интересите на членството и државата.

Наместо самокритика и реформи во партијата, Филипче покажа дека е послушник на Заев и интересите на кланот Заеви. Без расчистување со старите структури лојални на Заев нема нов СДС, а без одговорност СДС не заслужува доверба од народот“.

Најнови вести од: Македонија

Лефков: СДС води поданичка политика, диктирана од Бугарија! – Дејствува синхронизирано со тамошни структури за темата на државјанствата!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во изјава за медиумите остро ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја за, како што рече, „синхронизирано дејствување со структури од Бугарија“ во врска со прашањето за државјанствата.

Експертите контра Европската комисија: Неточно е дека строгата регулација и забраните во ЕУ ја намалуваат стапката на пушење

Европската комисија го припишува падот на пушењето во ЕУ на строгите регулативи, додека експертите сметаат дека главниот придонес доаѓа од преминувањето на пушачите кон помалку штетни никотински алтернативи.

To top