Свет

Мадрид не верува дека САД сакаат да го „замрзнат“ членството на Шпанија во НАТО

„Ставот на шпанската влада е јасен: целосна соработка со нашите сојузници, но секогаш во рамките на меѓународното право“, вели шремиерот Педро Санчез

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека не им верува на медиумските извештаи дека САД размислуваат за замрзнување на членството на Шпанија во НАТО поради противењето на Мадрид на војната против Иран.

Санчез ја дал изјавата пред почетокот на средбата на лидерите на ЕУ во Кипар.

„Не работиме врз основа на е-пошта, туку врз основа на официјални документи и позиции кои ги формулира владата на САД“, одговори тој на новинарско прашање.

„Ставот на шпанската влада е јасен: целосна соработка со нашите сојузници, но секогаш во рамките на меѓународното право – додаде Санчез.

Владата на Педро Санчез се спротивстави на војната што САД и Израел ја водат против Иран од крајот на февруари. Оваа позиција го налути американскиот претседател Доналд Трамп, кој му замери на Мадрид дека им одбил на САД користење на воените бази во Андалузија за воздушни напади, стигнувајќи дотаму што се закани дека ќе ја „прекине секоја трговија“ меѓу двете земји.

Анонимен американски функционер претходно за некои светски агенции изјавил дека според интерен и-мејл, американското Министерство за одбрана наводно ги разгледува опциите за санкционирање на одредени сојузници во НАТО поради нивниот однос кон американските операции во војната со Иран, вклучувајќи ја и можноста за суспензија на Шпанија од сојузот.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top