Македонија

Во несреќен случај викендов загинал Зоран Љутков, велешки донатор и бизнисмен

Беше сопруг и татко на две малолетни деца

Во несреќа што се случила викендов починал младиот бизнисмен Зоран Љутков, информираат локалните портали.

 

Четириесет и две годишниот Љутков, основач и сопственик на неколку семејни фирми меѓу кои најпозната е „Пододекор“. Живееше во Велес каде беше и роден.

 

Меѓу народот е познат по донаторство и помагање на спортски клубови, бројни спортски и културни манифестации и граѓански здруженија во општината.

 

Беше сопруг и татко на две малолетни деца. Несреќата во којашто го загуби животот му ја одзеде можноста да го доживее татковството по трет пат, пишува порталот „Дума“.

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

To top