Македонија

Благодарение на брзата реакција на службите, избегната уште поголема трагедија во Кисела Вода при ископот на темели за нов објект

Драматична била ситуацијата утринава на градилиште во Кисела Вода, каде при ископување дошло до затрупување на работници. Според информации од терен, полицијата и пожарникарите пристигнале за неколку минути по пријавата и веднаш започнале со извлекување на затрупаните. Очевидци велат дека службите реагирале веднаш по пристигнувањето. Неофицијално, токму брзата интервенција во првите минути направила разлика, со оглед дека секое дополнително доцнење сериозно би ја влошило состојбата на затрупаните.

Пожарникарите што учествувале во извлекувањето, сведочат дека со рачни алати копале во земјата за да стигнат до затрупаните. – Беше потресна глетка. Акцијата траеше четириесетина минути, а во неа беа вклучени седуммина пожарникари. За да ги извлечеме од под земја, користевме рачни алати. Кога ги извадивме, тројцата беа контактибилни, но вознемирени и исплашени, додека четвртиот беше мртов. Повредените беа пренесени во Ургентниот центар – изјави командантот на Градската противпожарна бригада Ѕвонко Томевски.

Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 8:17 часот, по што веднаш биле ангажирани сите надлежни служби. – Денеска (24.4.2026) во 8:17 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита, се преземаат мерки за вадење и на третото лице – беше првата информација од МВР до медиумите. 

Во тек е увид на надлежните институции, кои треба да ги утврдат причините за несреќата.

Најнови вести од: Македонија

Политиката мора да ги тргне рацете од образованието, реагира министерката Јаневска

Многу години наназад образованието било поле каде што се судрувале политички копја, но откога јас сум министер постојано повторувам и јасно дадов на знаење дека политиката мора да ги тргне рацете од образованието, затоа што, не е тоа флоскула туку реалност – образованието е еден од најсилните столбови на државата и е потребно во сите ресори, рече Јаневска.

(Видео): Нема повеќе листи на чекање – сè се сработува во предвидениот рок, рече Андоновска

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги расчистил заостанатите предмети и повеќе нема листи на чекање за пристигнатите барања од МАЛМЕД, информира директорката на Институтот. „Некогаш се чекало од три до шест месеци и се имаше натрупано работа, предмети… Некои се чувале и по фиоки, се прашувам зошто!?“, напиша директорката Марија Андоновска. Таа посочува дека со […]

Голем метеж и чекање на граница, само на „Богородица“ се чека околу еден час

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

To top