Македонија

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

17.04.2026 – 23.04.2026

 

 

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски
систем за мониторинг (вкупна прашина, SO 2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е
во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со
состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано
(24 часа) или не работат.
Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во
зима.
ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат
компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.
Контакт e-mail: contact@usje.mk

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Патот кон ЕУ мора да се темели на заслуги, не на билатерални прашања! – Позицијата на Бугарија е агресивна и радикална!

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата. На прашањето како го коментира тоа што министерот Будрис изјави дека сега е моментот за проширување и треба да се искористи, Муцунски оцени дека постои широка поддршка од земјите-членки за напредокот на Македонија, но дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top