Хроника

28-годишен скопјанец вработен во основно училиште осомничен за силување на 14-годишно девојче и уцена

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради висок ризик да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и да го повтори делото.

Основното јавно обвинителство во Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил две тешки кривични дела: силување на дете кое не наполнило 15 години и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија или аудио запис со сексуално експлицитна содржина.

Според обвинителството, осомничениот, кој е вработен во основно училиште, го наговорил 14-годишното девојче да му испрати фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина. Потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.

Девојчето прифатило да се сретнат, по што осомничениот ја однел во куќа во гостиварско подрачје, каде извршил обљуба. За ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку осум години.

Месецов, осомничениот повторно ја уценувал жртвата да се сретнат, но таа одбила. Потоа тој ги објавил експлицитните фотографии и видеата на социјална мрежа, со што ги направил достапни и за други лица. Со ова го сторил и второто кривично дело – злоупотреба на туѓа снимка со сексуално експлицитна содржина, за кое е предвидена казна од три до десет години затвор.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради висок ризик да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и да го повтори делото.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top