Бујар Османи проговори за ЕУ на дебатата во Собранието во рамки на Националниот совет за евроинтеграции на кој се расправаше за улогата на законодавниот дом во процесот на зачленување во Европската Унија.
Поранешниот министер за надворешни работи и екс вицепремиер за Евроинтеграции, Бујар Османи, упати критики за политиките во однос на евроинтегративниот процес, оценувајќи дека перспективата за членство во Европската Унија е неизвесна.
„Кај нас Европската Унија или Брисел се претворени во инструмент за дневна политика, наместо Собранието да се користи како механизам за членство во ЕУ. За жал, нема доволна волја за интеграција, ниту доволен притисок, а перспективата е нејасна“, нагласи Османи.