Свет

Иран со план за деблокирање на Ормус, но не и за нуклеарното оружје

Новиот ирански предлог го заобиколува прашањето за нуклеарната програма со цел да се постигне побрз договор

Иран достави нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормускиот теснец и завршување на војната, но реазговорите за нуклеарното оружје ги одложува за подоцнежна фаза.

Новиот ирански предлог го заобиколува прашањето за нуклеарната програма со цел да се постигне побрз договор, со оглед на тоа што дипломатските напори се во ќорсокак, а иранското раководство е поделено околу тоа какви отстапки треба да понуди Техеран, објавува „Аксиос“.

Сепак, согласувањето за деблокирање на теснецот и завршување на војната би отстранило клучна лост за претседателот Трамп во идните преговори. Неговите две основни воени цели се токму отстранувањето на залихите на збогатен ураниум на Иран и убедувањето на Техеран да го прекине понатамошното збогатување.

Според изјавите на тројца американски функционери, се очекува Трамп денес да одржи состанок за Иран со својот врвен тим за национална безбедност. Еден извор рече дека на состанокот ќе се разговара за застојот во разговорите и можните следни чекори. Трамп веќе навести во интервју за „Фокс њуз“ во неделата дека сака да ја продолжи поморската блокада што го задуши извозот на иранска нафта, надевајќи се дека ќе го принуди Техеран да попушти во следните неколку недели.

„Кога имате огромни количини нафта што минуваат низ вашиот систем… ако тој цевковод се исклучи од која било причина затоа што не можете да ја внесете нафтата во резервоари или на бродови… она што се случува е дека цевководот експлодира одвнатре. Велат дека имаат само околу три дена пред тоа да се случи“, рече Трамп.

Кризата во разговорите меѓу САД и Иран се продлабочи во текот на викендот откако посетата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на Пакистан не донесе никаков напредок.

Белата куќа објави дека пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ќе се сретнат со Арагчи во Исламабад, но Иранците одбија да го сторат тоа. Трамп изјави за Аксиос дека овој ирански став го навел да го откаже патувањето на неговите пратеници.

Најнови вести од: Свет

Се појави ново драматично видео од моментот на апсењето на осомничениот (ВИДЕО)

Снимките, споделени од новинарката Катерина Лис, покажуваат како агентите на Тајната служба брзо и прецизно го совладале и привеле напаѓачот, додека други полициски сили итно се упатиле кон местото на инцидентот.

Светски лидери го осудија нападот на вечерата на дописниците во Вашингтон

Политичари од двете партии во САД, како и лидери од Европа, Блискиот Исток и други делови од светот, остро го осудија вооружениот инцидент што се случи синоќа за време на гала-вечерата на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“.

To top