Македонија

Студентите алармираат: На Факултетот за физичка култура од 19 одбранети докторати, 18 се на студенти од Косово

Група студенти преку јавно обраќање до јавноста изразија сериозна загриженост поради, како што велат, нерамномерна примена на академските правила во рамките на истиот систем на високо образование.

Група студенти преку јавно обраќање до јавноста изразија сериозна загриженост поради, како што велат, нерамномерна примена на академските правила во рамките на истиот систем на високо образование.

Тие посочуваат дека според анализата на јавно достапните билтени на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во периодот од 2017 до 2026 година, на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје се стекнати 27 академски степени (19 докторски и 8 магистерски) од кандидати кои претходно завршиле стручни студии (претежно физиотерапија).

„Особено внимание привлекува фактот дека 18 од 19 докторирани кандидати потекнуваат од Република Косово“, се наведува во писмото.

Студентите нагласуваат дека во македонскиот систем студиите по физиотерапија се организирани како стручни студии, што отвора сериозна дилема за начинот на кој дипломите од Косово биле нострифицирани и признати од Министерството за образование и наука, а потоа интегрирани во академскиот систем на УКИМ.

Тие посочуваат дека во повеќето европски држави кои го применуваат Болоњскиот систем, пристапот до повисок циклус студии се темели на вкупниот број на стекнати ЕКТС кредити, а не само на формалната поделба меѓу стручни и академски студии.

„Оваа појава не е изолиран случај. Неофицијални информации укажуваат дека слични академски патеки постојат и на други факултети и универзитети во државата“, велат студентите.

Во обраќањето се истакнува дека во исто време, дел од македонските студенти се соочуваат со правни и институционални спорови околу валидноста на нивните студии, додека на други факултети процесот на магистрирање и докторирање продолжува без прекин.

„Ова создава впечаток на нерамномерна примена на академските правила во рамките на истиот систем на високо образование“, се вели во писмото.

Групата студенти најавува дека во наредниот период ќе спроведат детална анализа на сите факултети и универзитети во државата, со цел Министерството за образование и наука да има целосен увид во функционирањето на академската вертикала.

„Потребна е сеопфатна, транспарентна и институционална анализа на примената на Болоњскиот систем во државата, со цел да се воспостави јасен и единствен стандард кој ќе важи за сите студенти, без разлика дали доаѓаат од Македонија или од странство. Само на тој начин може да се зачува академскиот интегритет на универзитетите и довербата на јавноста во академските титули“, се заклучува во обраќањето.

Најнови вести од: Македонија

Игор Ангелов-Ќосето: 27 април е симбол за политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство

Осудениот за настаните од 27 април, Горан Ангелов-Ќосето, со низа остри обвинувања ја одбележа 9-тата годишнината од упадот во Собранието, оценувајќи дека овој датум е „синоним за неправилно осудени, селективна правда и нееднаквост пред законите“.

Мицкоски за притисокот на Филипче за уставни измени: Голтарите, кои станаа милионери, сакаат пак да ја клекнат Македонија на колена!

Тврдењата на опозициската СДСМ дека уставни измени треба да се направат по секоја цена, според премиерот Христијан Мицкоски говори дека оние кои веќе еднаш тоа го направиле, а притоа ништо добро на државата не и донеле, сега без нималку срам на македонските граѓани им велат дека уште еднаш ќе ги клекнат на колена, ќе чепкаат по нивната душа со цел да заработат уште некој милион со тоа што ќе потпишат се што ќе им дадат. „ Само неколкумина од голтари станаа милионери, денеска без нималку срам излегуваат пред македонските граѓани и велат уште еднаш ќе ве клекнеме на колена ако ни дадете можност, уште еднаш ќе играме на вашето достоинство, уште еднаш ќе чепкаме по вашата душа, ама ние уште еднаш ќе заработиме по некој милион и ако бел лист хартија ни стават на маса ќе го потпишеме.“ – посочи Мицкоски.

Зошто Никола Карев го нема во химната „Денес над Македонија“

Mногу пати до сега е поставувано прашањето за химната на Република Македонија „Денес над Македонија“ и името на Никола Карев, а во јавноста и денес постојат различни, неаргументирани коментари за тоа, зошто името на Карев не е содржано во текстот на химната на Република Македонија заедно со имињата на другите илинденски револуционери кои во текстот се споменати и, зошто името на Никола Карев е „премолчено“, дури и „избришано“ од текстот на химната?

Најнови вести

To top