Македонија

Јане Ченто поднесе кривична против Русковска: Имаме изјава од сведок дека дал лажен исказ за „27 април“

Случајот е монтиран – тврди Јане Ченто

Јане Ченто, еден од осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка, Вилма Русковска до Јавното обвинителство.

Пријавата се однесува на сомнежи за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба во постапката за случајот „27 април“.

Ченто изјави дека до обвинителството доставиле докази кои, според него, го доведуваат во прашање начинот на кој била водена истрагата и целиот судски процес.

Како еден од клучните докази, тој посочи нотарски заверена изјава од сведок кој тврди дека неговиот исказ во постапката бил невистинит и дека му било ветено олеснување во други кривични постапки доколку сведочи на одреден начин.

„Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден од клучните сведоци во оваа постапка, меѓу брат на еден висок функционер и сведок, на можни договори со обвинителот како и насочување на сведочењето што го даде сведокот во таа постапка. Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ. Дополнително постои вештачење од овластен судски вештак од телефони кои ја поткрепуваат изјавата од сведокот заверена на нотар. Го повикувам Јавното обвинителство да ја разгледа пријавата и доказите темелно“, рече тој.

Доаде дека ова не е веќе политичка тема, туку случај во кој имаат основано сомнение дека се користеле незаконити докази, се вршел притисок врз сведоци и се донела пресуда врз основа на монтирана постапка.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Премиерот вели дека ќе се разговара со дистрибутерот за продолжување на попустот на горивата

Со ОКТА ќе разговараме оваа недела, сè уште не сме ја отвориле темата, но ќе разговараме оваа недела, ќе разговараме и со министерката за енергетика и, се разбира, во рамките на можностите ќе направиме сè да продолжи тој попуст, рече премиерот.

Јанкуловски: ЕУ е како Советскиот Сојуз во 1991 – на работ на колапс!

„Затоа не изненадува многу мемето (духовитата досетка), што кружи веќе некое време во ЕУ – „ЕУССР“. ЕУ почнува да личи на Советскиот Сојуз. Постојат многу заеднички точки меѓу Европската Унија и Советскиот Сојуз.“ – пишува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна, која ја објави информативната агенција Нетпрес.

Муцунски: Задача ни е Македонија сама да си ја пишува приказната, да не чека другите да ја дефинираат! – ЕУ ни е средишна оска на надворешната политика!

– Достоинство – затоа што националниот интерес не се брани со агресивна реторика, туку со јасни позиции, силни аргументи и институционална сериозност. Резултати – затоа што граѓаните со право очекуваат надворешната политика да носи видлива корист: инвестиции, безбедност, работни места, полесно патување и поголем углед во светот. Визија – затоа што државата мора да знае каде сака да биде за пет, десет и дваесет години. Не смееме само да реагираме на туѓи агенди. Мора да имаме сопствена – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски пред пратениците Комисијата за надворешна политика во Собранието на Републик Македонија.

Ченто: Пресудата за 27-ми април е донесена врз основа на монтирана постапка, со притисоци врз сведоци

Според Ченто, ова не е обичен случај, туку, како што вели, станува збор за основано сомневање дека биле користени незаконити докази, дека се вршел притисок врз сведоци и дека е донесена пресуда врз основа на монтирана постапка. Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд. Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот, кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Игор Ангелов-Ќосето: 27 април е симбол за политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство

Осудениот за настаните од 27 април, Горан Ангелов-Ќосето, со низа остри обвинувања ја одбележа 9-тата годишнината од упадот во Собранието, оценувајќи дека овој датум е „синоним за неправилно осудени, селективна правда и нееднаквост пред законите“.

Мицкоски за притисокот на Филипче за уставни измени: Голтарите, кои станаа милионери, сакаат пак да ја клекнат Македонија на колена!

Тврдењата на опозициската СДСМ дека уставни измени треба да се направат по секоја цена, според премиерот Христијан Мицкоски говори дека оние кои веќе еднаш тоа го направиле, а притоа ништо добро на државата не и донеле, сега без нималку срам на македонските граѓани им велат дека уште еднаш ќе ги клекнат на колена, ќе чепкаат по нивната душа со цел да заработат уште некој милион со тоа што ќе потпишат се што ќе им дадат. „ Само неколкумина од голтари станаа милионери, денеска без нималку срам излегуваат пред македонските граѓани и велат уште еднаш ќе ве клекнеме на колена ако ни дадете можност, уште еднаш ќе играме на вашето достоинство, уште еднаш ќе чепкаме по вашата душа, ама ние уште еднаш ќе заработиме по некој милион и ако бел лист хартија ни стават на маса ќе го потпишеме.“ – посочи Мицкоски.

Најнови вести

To top