Спорт

„Светот на Столе“: Валенсија му се поклони на Димитриевски за бравурата против Жирона (ВИДЕО)

Македонскиот голман славен како херој откако во финишот буквално ја одбрани победата вредна злато во борбата за опстанок

Волшебната одбрана на Столе Димитриевски во последната минута од натпреварот со Жирона, со која ја зачува злато вредната победа од 2:1 во битката за опстанок во шпанската Ла Лига, ја „принуди“ Валенсија да му оддаде признание на македонскиот голман.

„Светот на Столе“ или на англиски STOLEWORLD напишаа „лилјаците“ на својот официјален профил на Инстаграм покрај фотографијата на чуварот на мрежата на македонската репрезентација, кој се најде во тимот на колото за своите осум одбрани во ремито 1:1 кај Мајорка во претходната рунда.

Чудесната интервенција на кумановецот пред два дена:

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

Најнови вести

To top