Министерството за внатрешни работи информира дека денеска со почеток во 12 часот пред Собранието, на улицата „11 Октомври“, група граѓани ќе организира протест поради незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со барањата за оданочување на приходи остварени во странство.
Од МВР соопштуваат дека, доколку има потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.
Поради тоа, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на движење во централното градско подрачје.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.