Македонија

ЗНАМ: Кој го води СДСМ, Филипче или Спасовски?

Во СДСМ постои сериозна некоординираност и внатрешен раскол, велат од ЗНАМ посочувајќи дека партијата во рок од неколку часа испратила спротивставени пораки во врска со измените на Законот за Влада и можниот однос кон работата на Собранието

 

 

Од ЗНАМ оценуваат дека јавноста наместо јасен став добила контрадикторни изјави од врвот на СДСМ, што според нив покажува дека во партијата нема усогласеност околу клучните политички прашања.

Како пример ги наведоа изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, туку само нема да учествува во работната група за Изборниот закон, и на координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, кој порача дека „ниедна демократска метода не се исклучува“ и дека се можни и други чекори.

„Кој ја кажува вистината? Кој е релевантниот став на СДСМ? Кој ја води политиката на партијата – претседателот или координаторот? Има ли кормилар на бродот СДСМ?“, прашаа јавно од ЗНАМ.

Од ЗНАМ реагираа и на тврдењата на Спасовски дека немало комуникација и дебата за Законот за Влада, наведувајќи дека тој бил директно вклучен во процесот, присуствувал на работни средби организирани од Министерството за јавна администрација и лично ги добил предложените измени.

Според ЗНАМ, тезите за недостиг на дијалог не соодветствуваат со фактите и оставаат впечаток дека СДСМ се обидува да ја редефинира својата позиција пред јавноста.

ОД ЗНАМ дополнително поставија прашања до опозициската партија – дали ваквиот пристап значи подготовка за блокада на институциите, дали станува збор за вовед во пошироко сценарио за напуштање на Собранието и дали причината е, како што велат, избегнување изборен пораз.

„Свесни сме дека расколот во СДСМ е очигледен и дека постојат внатрешни фракции и борба за влијание, но не смееме да дозволиме таа нестабилност да се пренесува како политичка неизвесност во државата“, порачаа од ЗНАМ.

Од таму нагласија дека остануваат на ставот оти институциите мора да функционираат непречено и дека Собранието треба да биде место за аргументирана дебата, а не простор за политички маневри.

Најнови вести од: Македонија

Собранието го усвои Законот за игри на среќа – 500 метри оддалеченост од училишта и строги правила за реклами

Со овој Закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности.

В среда последно збогум за Владо Јаневски

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

To top