Македонија

Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце на Шара во 2001, ѕверски масакрирани во заседа

Одборот на бранителите денеска одбележа 25 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Бреза.



Одбележувањето почна со оддавање на минута молк, по што млади тетовски вокалисти ја изведоа македонската химна и рецитали посветени на бранителите. Пред плочата со имињата на загинатите полицајци и војници потоа положија цвеќе претставници на Одборот, Министерството за одбрана, Армијата, МВР, политички партии, повеќе организации и здруженија на бранителите и припадници на безбедносните сили, македонски навивачки групи и граѓани.

-На овој ден пред 20 години во воената 2001 година во доцните попладневни часови со однапред подготвена заседа беа нападнати и ѕверски убиени, осумина од патролата бранители. Денес дојдовме овде да им оддадеме почит на оние кои својата жртва ја запишаа во поновата историја на Македонија. Нам бранителите ни оставија аманет да ја чуваме Македонија да ја градиме во попросперитетна иднина со сите што живеат во неа. Ова место е нем сведок на погибијата на осум бранители кои ги дадоа своите млади животи во одбрана на Македонија, рече Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.


Тој во својот говор рече дека 25 години подоцна се уште постои дилема што се случило, посочувајќи дека историјата ќе го даде одговорот на тоа. -Едно е сигурно. Врз осумте убиени бранители терористите примениле најсуров начин на одмазда. Ваков злостор во таа воена 2001 година не е забележан никаде на друго место освен овде на Шара. Овде каде и до ден денес, после 25 години нема никаков знак на сеќавање на жртвите во одбранa на својата татковина, рече Најдов изразувајќи очекување и надеж дека еден ден правдата ќе биде задоволена.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Најнови вести од: Македонија

Голем метеж и чекање на граница, само на „Богородица“ се чека околу еден час

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

To top