Македонија

Манасиевски: Изјавата на Земон дека „Делчев не е битен за македонскиот идентитет“ е потврда дека на СДС не им е гајле за Македонија, за македонскиот народ и идентитет! (Видео)

„Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет. Ова не е личен став само на Филипче, туку е образец на СДС. Околу ова СДС постојано тежнее: кон релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции и целосна рамнодушност кон она, за што генерации Македонци се бореле и се жртвувале. По ова јасно се гледа дека на СДС воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.“ – истакнува Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ, изнесувајќи ја острата реакција на оваа партија по контроверзната изјава на Рубин Земон во разговор со бугарскиот новинар Атанас Величков, професорот Иван Динев Иванов и водителот на потпоткастот „Коридор 8“ Георги Станков.

Во денешното обраќање кон јавноста Манасиевски дополнува: Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека „Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет“. Директорот на Центарот за напредни истражувања на СДС и сегашен член на ИО, Рубин Земон, кој е и поранешен посебен советник во Владата предводена од Зоран Заев, јавно преку општествените медиуми вели не му е толку важно она, што го има направено Гоце Делчев за Македонија, и не му е јасно зошто толку македонскиот народ му се восхитува.

ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува изјавата на другарот на Заев и Филипче, Рубин Земон, кој јавно и без срам вели дека „Гоце Делчев е мит“, оти „не извојувал ниедна битка“ и дека „не напишал ништо што денес е од важност“, посочува Валентин Манасиевски.

Контроверзната изјава на Рубин Земон тука

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top