Македонија

Арбен Фетаи на прошетка во Тајланд

Дека не е на работно место, туку дека е и надвор од земјата, потврди тој со објава на фотографија на социјалните мрежи

Веќе не е само шпекулација, дека вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, веќе мне е дел од Владата откако веќе подолго време симаше информации дека тој не оди на работа.

Дека не е на работно место, туку дека е и надвор од земјата, потврди тој со бјава на фотографија на социјалните мрежи постирана од Тајланд.

 

Претходно, неговото отсуство беше јавно потврдено и од министерот за здравство Азир Алиу, кој посочи дека Фетаи не доаѓа на работа.

Во изминатиот период, Фетаи не се појавуваше во јавноста, ниту одговара на новинарски прашања за причините за неговото отсуство. И покрај тоа, тој сè уште официјално ја извршува функцијата, без да биде разрешен.

Фотографијата од Тајланд дополнително ги отвори прашањата за неговиот статус, одговорноста кон функцијата и односот кон јавноста, особено во контекст на позицијата што подразбира транспарентност и добро владеење.

Премиерот Христијан Мицкоски неделава во гостување на ТВ Сител соопшти дека Арбен Фетаи повеќе нема да биде министер за добро владеење во идниот состав на владата.

Мицкоски: Еден министер сигурно нема да биде дел од Владата

Прењмиерот рече дека разговарал лично со Фетаи кој му пренел дека „во иднина не се гледа повеќе во Владата“.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top