Македонија

Десет фирми должат речиси 60 милиони евра неплатен данок

Анализата на Фактор покажува дека само десетте најголеми фирми-должници концентрираат околу 30 проценти од вкупно објавениот нето долг

Во најновиот список на Управата за јавни приходи на „водечко место“ се десет  фирми кои на име неплатен данок заеднички имаат вкупен долг од 58,76 милиони евра, односно 3,61 милијарди денари, објаци „Фактор“.

Станува збор за Листата на должници бр. 04/2026, објавена на 9 април годинава, која ги опфаќа долговите доспеани до 31 декември 2025 година, а неплатени до 31 март 2026 година. Во неа се вклучени долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Според официјалната објава на УЈП, на листата се наоѓаат 1.898 правни лица и 3.078 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 194,9 милиони евра, односно 11,99 милијарди денари. Во споредба со претходната листа, долгот е зголемен за 1,05 милиони евра, односно 64,7 милиони денари.

Анализата на Фактор покажува дека само десетте најголеми фирми-должници концентрираат околу 30 проценти од вкупно објавениот нето долг на листата. Тоа значи дека значаен дел од даночниот долг е собран кај релативно мал број компании.

Најнови вести од: Македонија

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top