Грејната сезона во Скопје продолжува и во следните два дена (1 и 2 мај), соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Комисијата, во соопштението, се повикува на основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија.
Одлуката следува по добиените петдневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината.
Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење- велат од РКЕ.