Тој наведе дека од почетокот на воениот судир меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел на 28 февруари „се отвора ново поглавје за регионот, особено во однос на Ормутскиот теснец“. Според него, Иран ќе обезбеди безбедност во Персискиот Залив и ќе ги спречи, како што ги нарече, „злоупотребите на странските сили на ова стратегиско поморско подрачје“.
Мочтаба истакна дека нов модел на управување со Ормутскиот теснец би донел стабилност, напредок и економски придобивки за земјите од регионот.
Во меѓувреме дел од странските медиуми објавија дека постојат информации за наводно тешко повредување на Хамнеи, кој не се појавил во јавноста по назначувањето на функцијата, но овие тврдења не се официјално потврдени.