Македонија

Денеска Првомајски протест на ССМ

Протестот по повод Меѓународниот ден на трудот ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом, а ќе заврши пред Владата

 

Денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), соопти МВР.

Првомајскиот протест, како што е најавено, треба да започне во 11 часот пред зградата на ССМ, односно Работничкиот дом, по што ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата, каде што ќе бидат упатени главните синдикални барања.

Во соопштението на МВР е наведена целата рута на движење, односно улиците и булеварите на кои ќењ бидат под посебен сообраќаен режим.

„Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. ‘Мирче Ацев’ бр. 4 со движење лево по ул. ’Филип Втори Македонски’, десно по ул. ’11 Октомври’, право по ул. ‘Димитрие Чуповски’, десно по ул. ‘Васил Главинов’, право по булевар ‘ВМРО’, лево по бул. ‘Илинден’ до пред Влада на РС Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје“, соопшти МВР.

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на протестот.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, на прес-конференција пред две дена порача дека работниците треба масовно да излезат на улица и јасно да го изразат незадоволството од ниските плати, слабата заштита на работничките права и игнорантскиот однос на институциите и работодавачите.

Протестот, како што најави, ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ,

Во фокусот на протестот, посочи Трендафилов, ќе биде барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра, што, според ССМ, е неопходен минимум за достоинствен живот.

Најнови вести од: Македонија

Касиопеја над Овче Поле: Дали Канда ја крие вечната тајна на Александар Велики? (ВИДЕО)

Ова откритие повторно ја става Македонија на мапата на светските археолошки и астрономски мистерии, потсетувајќи нè дека нашата историја можеби сè уште крие многу изненадувања под својата плодна почва.

To top