Свет

По Орбан, и Петер Маѓар со „уцена“ за Украина

Идниот унгарски премиер бара Украина да обезбеди поголеми права за унгарското малцинство пред да го поддржи напредокот на Киев кон членство во Европската Унија

 

 

Прашањето било покренато за време на состанокот на Маѓар со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Брисел во средата, додека Европската Унија врши притисок врз Будимпешта да го смени ставот на владата во заминување, кој го блокираше формалниот почеток на преговорите за пристапување на Украина.

Брисел се надеваше дека заминувањето на Орбан ќе обезбеди нов импулс.

Но, Маѓар ги наведе условите (за Украина -н.з.) кои во голема мера се слични на листата од 11 барања што Виктор Орбан му ги претстави на Киев во 2024 година.

Тие се однесуваат на правата на унгарското малцинство во Украина и пристапот до образование на унгарски јазик.

Додека Маѓар ја опиша средбата со Кошта како „корисна и конструктивна“, изворите велат дека атмосферата не била толку позитивна како на неговиот состанок претходно истиот ден со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

За време на разговорот со Кошта, тој повторно го отвори прашањето за унгарското малцинство во Украина.

Цврстиот став на Унгарците веројатно ќе ги разочара официјалните лица во Киев и Брисел кои се надеваа дека заминувањето на Орбан ќе даде нов импулс на патот на Украина кон членство, особено во однос на формалното отворање на преговорите.

Голем број земји-членки на ЕУ инсистираат на забрзување на процесот на пристапување на Украина и сакаат напредок во наредните недели.

На состанокот минатата недела во Кипар, лидерите на ЕУ изјавија дека почетните услови за започнување на првата фаза од процесот на пристапување веќе се исполнети.

Орбан претходно го блокираше процесот, тврдејќи дека се кршат правата на унгарското малцинство во Украина. Киев постојано нагласуваше дека правата на унгарското малцинство во земјата се заштитени.

Веднаш по изборната победа на опозициската партија „Тиса“ на лидерот Маѓар, Унгарците изјавија дека прашањето за националните малцинства ќе мора да се реши за да се воспостават добрососедски односи со Украина.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top