Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

Според информации од последната епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, македонската страна дознала дека Црна Гора планира да го натурализира Мекејлеб, кој тогаш играл во белградски Партизан. За да го претекнат Црногорците во трката со времето, македонските претставници веднаш стапиле во контакт со италијанскиот клуб Монтепаски Сиена, каде што Мекејлеб требало да продолжи кариерата.

Преку врските во Сиена, брзо било обезбедено согласност од клубот за натурализација на Мекејлеб како македонски репрезентативец. Потоа следела итна акција на највисоко државно ниво. Со посредство на тогашниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, организиран бил состанок со тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката ја прифатила молбата и во рекордно краток рок – само за два дена – му бил издаден македонски пасош на Мекејлеб. Така, Црна Гора останала без можност за натурализација на играчот.

По завршувањето на Европското првенство во Литванија, македонската делегација инсистирала Јанкулоска да биде дел од пречекот и да се врати со репрезентацијата во автобусот од аеродромот до Скопје, како признание за нејзината помош.

Акцијата предизвикала силна реакција кај црногорските кошаркарски функционери, кои се почувствувале измамени во директна „трка“ за пасошот на Мекејлеб.

Лестер Бо Мекејлеб подоцна станал една од клучните алки во македонската репрезентација на Евробаскет 2011, каде што Македонија ја забележа најголемата успешна приказна во својата кошаркарска историја.

Најнови вести од: Спорт

To top