Македонија

Министерот Муцунски на меѓународен форум во Загреб

Во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата

 

Во рамки на работната посета на Загреб, Хрватска, учествуваше и се обрати на форумот организиран од страна на Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU).

Форумите на Интернационалната демократска унија обединуваат носители на политики, високи партиски претставници и мисловни лидери од глобалното членство и пошироко, овозможувајќи отворена размена на идеи и интензивни дебати меѓу партнери кои ги споделуваат вредностите на слободата и демократијата.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека државата презема конкретни чекори и испорачува резултати и на домашен и на меѓународен план. Притоа, тој потенцираше дека не го прифаќа наративот на жртва, иако, како што посочи, државата во континуитет се соочува со процес на билатерализација, изразувајќи очекување дека со формирањето на бугарската влада ќе се создаде нов импулс за придвижување напред.

Во однос на европската интеграција, министерот нагласи дека поддршката од одделни земји членки е значајна, но дека е потребен усогласен пристап од сите држави членки на Европската Унија. Тој посочи дека очекува таквиот пристап да биде заеднички и координиран, наведувајќи ја Хрватска како принципиелен поддржувач на процесот.

Осврнувајќи се на геополитичките предизвици, министерот Муцунски истакна дека во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Воедно, тој потенцираше дека е потребно помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината.

Министерот нагласи дека не е можен индивидуален одговор на големите кризи кои влијаат врз сите, туку дека е неопходен заеднички пристап. Во таа насока, тој ја истакна потребата од диверзификација на енергетските извори, инвестиции во гасни интерконектори и инфраструктура, како и спротивставување на штетните влијанија од трети страни.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top