Македонија

Рубин Земон се извини за изјавата за Гоце Делчев: „Немав намера да ја намалувам неговата големина“

По силните критики и обвинувања за навреда на македонскиот национален идентитет, Земон преку социјалните мрежи објави објаснување и извинување.

Поранешниот пратеник и актуелен член на Централниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, се извини по бурните реакции предизвикани од неговата изјава во подкастот „Коридор 8“, во која го нарече Гоце Делчев „само мит кој ништо не направил за Македонија“.

По силните критики и обвинувања за навреда на македонскиот национален идентитет, Земон преку социјалните мрежи објави објаснување и извинување.

„Бидејќи гледам дека работата денес отиде во други димензии, сакам да објаснам дека во никој случај не сум помислил, ниту нешто сум направил за да ја намалувам вредноста, значењето и големината на великанот Гоце Делчев за македонската историја и неговата улога. Она за што говорев е повеќе за тоа што во нашата колективна меморија се запоставени Чуповски и Мисирков и дека и тие исто така треба да се на пиедесталот, особено за развојот на македонскиот идентитет“, напиша Земон.

Тој додаде дека неговата поента била дека треба повеќе да се вреднуваат и други значајни личности од македонската историја, а не да се намалува значењето на Гоце Делчев.

„Во никој случај не сум имал намера да се каже нешто против Гоце Делчев, којшто е на пиедесталот на македонската историја. Се извинувам на сите доколку нешто поинаку било разбрано или протолкувано“, истакна Земон.

Тој најави и дека „тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top