Македонското чудо од дете, Македон Димитровски го развеа македонското знаме во Франкфурт. Поворно на врвот со светските математички генејалци, Македон освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик. Ова го објави на социјалните мрежи неговиот татко Владимир Димитровски,
„Горди сме да објавиме дека МАКЕДОН постигна извонреден историски успех на Германската математичка олимпијада! 
Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена.
Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион!
“ објави неговиот татко.